На 26 септември (понеделник) 2011 година, во хотелот Милениум Палас во Битола ќе се одржи презентација на општествената одговорност на претпријатијата.

Вовед во темата ќе дадат Владимир Петковски, автор на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата и Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација за претпријатија.

На присутните ќе им бидат презентирани и општествено одговорните практики на дел од бизнисите од Битола.

На презентацијата се поканети сите заинтересирани претпријатија од Битила. Освен за самиот концепт на ООП, тие ќе имаат можност да дискутираат и за законската рамка и досегашниот напредок на ООП во Македонија, за тоа преку ООП може да се генерира добивка во работењето, како да се зголеми информираноста за овој концепт итн.

Целта на настанот е да се промовира општествената одговорност на претпријатијата во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во малите и средните претпријатија.

Презентацијата е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Преземи покана и агенда за настанот.