• Почетна
  • ООП
  • Активности
  • Проект
  • Награда
    • 2010
  • Контакт

Што е Општествена одговорност на претпријатија?

Tweet

Општествена одговорност на претпријатија


Општествената одговорност на претпријатијата може да се дефинира како одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој и ги зема предвид очекувањата на засегнатите страни, во согласност е со меѓународните норми и е интегрирано низ целото претпријатие.

Општествена одговорност на претпријатијата во Македонија


Во декември 2007 година, Министерството за економија на Р. Македонија, формираше Национално координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата (НКТ ООП) како постојана работна група при Економскиот и социјален совет на Владата на Република Македонија. НКТ-ООП е крос-секторско тело одговорно за развивање на повеќекратен дијалог и идентификување на заеднички дејствија за промоција и имплементација на ООП.

Национална агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Македонија


Во јуни 2008 година, како дел од работниот план на НКТ ООП, беше подготвена Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата. Агендата беше усвоена од страна на Владата на Р. Македонија во октомври 2008 г. Целите на Агендата се подигнување на свесноста за ООП, развивање на капацитети и компетенции за да се помогне етаблирањето на ООП и обезбедување на поволен амбиент за ООП.

Подмени

  • ООП во медиумите
  • Публикации
  • Галерија
  • Линкови

Новости

  • Бизнисот и општествената одговорност - нови алатки за имплементација
  • Компаниите би можеле да имаат големи придобивки ако управуваат етички

Следи не

FacebookScribd

Партнери

Copyright © 2025 Општествена одговорност на претпријатијата
Проектот е кофинансиран од Европската Унија во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (CIP) 2007-2013