На 15 септември (четврток) 2011 година, во хотелот Милениум во Охрид ќе се одржи презентација на општествената одговорност на претпријатијата.
Вовед во темата ќе дадат Александар Николов, претседател на Националното координативно тело за ООП и Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација за претпријатија.
На присутните ќе им бидат презентирани и општествено одговорните практики на Охридска банка.
На презентацијата се поканети сите заинтересирани претпријатија од овој регион. Освен за самиот концепт на ООП, тие ќе имаат можност да дискутираат и за законската рамка и досегашниот напредок на ООП во Македонија, за тоа преку ООП може да се генерира добивка во работењето, како да се зголеми информираноста за овој концепт итн.
Целта на настанот е да се промовира општествената одговорност на претпријатијата во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во малите и средните претпријатија.
Презентацијата е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.






