Министерството за економија на Република Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Здружението Конект имаат чест да ви упатат покана за учество на тематски форум: „ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА".

Тематскиот форум „Вложување во заедницата" ќе се одржи на 8 јули 2011 г., со почеток во 11 часот во хотел Холидеј Ин, Скопје.

Форумот ќе го отвори министерот за економија на Република Македонија, Фатмир Бесими.

На форумот ќе презентираат следните говорници:

  • Александар Николов, Националното координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата;
  • Тетјана Лазаревска, Извршен директор на Македонска развојна фондација за претпријатија;
  • Бети Деловска, член на Управен одбор на Сојуз на стопански комори на Македонија;
  • Алеш Крањц Кушлан, Извршен директор на Еквилиб Институт од Република Словенија;
  • Никица Кусиникова, Извршен директор на Здружението Конект;
  • Александра Стоилковска, Декан на Факултетот за претприемачки бизнис при Универзитетот за туризам и менаџмент;
  • претставници на наградените претпријатија од областа на вложување во заедницата.

Целта на форумот е да се анализира општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија во однос на вложување во заедницата, оценувајќи ги постоечката законска рамка, домашните и европските практики. Истовремено, за прв пат, ќе биде промовирана и брошурата за вложување во заедницата.

На форумот ќе бидат разгледани повеќе прашања:

  • Што претставува општествената одговорност на претпријатија од гледна точка на вложување во заедницата и како напредува Република Македонија во оваа област во споредба со регионот/ЕУ?
  • Како претпријатијата вложувајќи во заедницата влијаат позитивно на луѓето и животната средина во неа, истовремено остварувајќи и добивка?
  • Кои се успешните претприемачи и бизниси со визија за зголемена профитабилност, кои инвестираат во заедниците во кои работат?
  • Дали вложувањето во заедницата, како долгорочна бизнис стратегија, ја зголемува одржливоста на претпријатијата?

Тематскиот форум е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија", чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект.

Преземете дневен ред и повеќе информации за настанот. За дополнителни информации обратете се кај Глигор Михаиловски, МРФП на тел. 3088-995.