На 18 октомври (вторник) 2011 година, со почеток во 11 часот, во хотелот Изгрев во Штип ќе се одржи презентација на општествената одговорност на претпријатијата.
На присутните ќе им се обратат:
- Маја Ќурчиева од Министерството за економија на Република Македонија;
- Глигор Михаиловски, Македонска развојна фондација за претпријатија;
- претставник од локална самоуправа на општина Штип;
- Наум Барзов, претставник на Баргала.
Целта на настанот е да се презентира ООП во земјата, постоечката регулатива како и да се објасни нејзината примена во претпријатијата. Претприемачите и експерти, ќе дискутираат за тоа:
- Што претставува општествената одговорност на претпријатијата (ООП)?
- Која е законската рамка и досегашниот напредок за ООП во Македонија?
- Како со одговорно работење може да се генерира добивка во работењето?;
- Кои се добрите локални и национални бизнис практики?
Презентацијата е дел од проектот „Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија", чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект. Настанот е организиран во соработка со Центарот за развој на источниот плански регион.






