ОДНОСИ СО ВРАБОТЕНИ
Oдносите со вработените во едно претпријатие ги опфаќаат сите политики и практики поврзани со чо- вечките ресурси во прет- пријатието, извршувањето на работата во претпри- јатието, од страна на прет- пријатието или во име на претпријатието
ЕТИЧКО УПРАВУВАЊЕ
го опфаќа системот преку кој претпријатијата ги донесуваат и спроведуваат одлуките во реализирање- то на своите цели. Тоа тре- ба да е базирано на инко- рпорирање на принципите и практиките на одговор- ност, транспарентност, етичко однесување, почитување на интересите на сите засегнати страни
ОДНОСИ НА ПАЗАРОТ
Оваа област на ООП се ос- врнува на етичкото однесу- вање на претпријатието во односот со други организа- ции и поединци како и на начинот на кој претприја- тието ги користи односите со другите актери во про- мовирањето на позитивните резултати
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Одлуките и активностите на претпријатието несом- нено имаат влијаание на животната средина без оглед каде се наоѓаат. Еко- лошката одговорност е предуслов за опстанок и просперитет на човечките суштества и затоа е еден од најважните аспекти на ООП
ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦА
Вложувањето во заедницата произлегува од препознавање на фактот дека претпријатието е дел од заедницата во која делува. Придонесот на претпријатието во развојот на заедницата води кон подобрување на квалитетот на живот на населението